Поранешниот светски првак Мајк Тајсон, кој во текот на кариерата го пратеше имиџот на агресивност и бруталност, минатата недела го покажа свото хумано лице.
Тајсон му притрча во помош на несреќниот моторциклист кој доживеа несреќа кога на автопатот во Лас Вегас го собори таксист.
Рајан Чесли, кој при паѓањето се здоби со повеќекратни скршеници и ги скина лигамнтите, се шокирал кога над своето лице го видел Тајсон, кој се обидувал да му помогне.
„Тајсон им викаше на останатите луѓе да не го допираат, за уште повќе да не го повредат“, им го раскажал настанот на новинарите Асошиетет прес адвокатот на поведениот мотоџија.
Чесли во тие мигови мислел дека халуцинира. Кога дошла итната помош, незабележано, Тајсон си заминал.
Асистентот на Тајсон, Стив Лот, открил дека во петокот боксерот примил корпа со овошје од Чесли, во знак на благодарност.
„ Ви благодарам што се грижевте за мене и по несреќата“, напишал 29 годишниот моторџија.