Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон (50-6) во својот подкаст Хотбоксин откри дека од детството развил љубов кон гулабите.
„Железниот Мајк“ е голем љубител на гулабите и моментално одгледува околу 100 гулаби. На 12-годишна возраст Мајк веќе имаше 38 притвори и беше испратен во дом за проблематични деца, образовно училиште. Мајк е надарен со животинска сила и на 13-годишна возраст веќе тежел 90 килограми.
Неговата прва борба беше за гулаб. Во својот подкаст Тајсон рече дека се степал за гулаб, а потоа продолжил да се тепа.
„Слушај, мојата прва борба беше за гулаб. Еден човек ме исмеваше за гулаб, а потоа го уби. Тогаш за прв пат се степав. Никогаш повеќе не престанав да се тепам. Во моментов имам околу 100 гулаби, од кои 50 летаат“, изјави Тајсон.