Поранешниот неприкосновен светски боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон (50-6) рече дека поранешниот двократен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор (22-6) игра улога пред камерата, но е добра личност во реалниот живот.
На Мек Грегор не му треба вовед кога станува збор за мешани боречки вештини (ММА). Ирскиот борец го подигна спортот на друго ниво и тоа јасно се рефлектира во неговите продадени рекорди за плаќање по преглед.
Во славната кариера учествуваше на некои од најзаработувачките ММА настани во историјата. Неговиот историски дуел со Хабиб Нурмагомедов во 2018 година беше на врвот на топ листите. Со својата агресивна личност и достигнувањата во спортот стана еден од најголемите амбасадори на УФЦ.
На својот подкаст Тајсон рече дека лудориите на Мек Грегор се трик за привлекување внимание.
„Мора да имате некој трик. Само момците со големи пари ја имаат оваа карактеристика. Погледнете го Конор Мек Грегор. Има свои трикови. Тој е луд, храбар е и тоа е трик.
Конор е одлично момче во реалниот живот“, рече Тајсон на својот подкаст.
View this post on Instagram