Мајк Тајсон ќе гласа за прв пат во животот, а мислеше дека тоа никогаш нема да биде можно

„Горд сум што сега можам да го направам тоа“, рече боксерскта легенда.

Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон, на 54-годишна возраст за прв пат во животот ќе гласа на претседателските избори во САД на 3 ноември.

Тајсон беше лишен од правото да гласа откако 1992 година беше осуден на шест години затвор за силување.

„Ова ќе биде прв пат да гласам. Мислев дека никогаш нема да го направам тоа заради моето криминално досие и сум горд што сега можам да го сторам тоа “, рече Тајсон.

Поранешниот шампион ќе гласа во Невада, државата во која престојува и која е една од оние што им го даваат тоа право на оние кои ја издржале казната. Тајсон не кажа дали ќе гласа за Доналд Трамп или кандидатот на демократите Џо Бајден, а на претходните избори јавно го поддржа Трамп.

Во САД на последните претседателски избори во 2016 година околу шест милиони гласачи беа спречени да гласаат заради нивното криминално минато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО