Мајк Тајсон истакнува дека Давид Бенавидез е потценет борец

Боксерската легенда, 58-годишниот Мајк Тајсон наскоро ќе се врати во рингот. Поранешниот светски шампион во тешка категорија на 15 ноември ќе настапи на настан во Далас во меч против популарниот jутјубер Џек Пол.

А кога Тајсон беше на врвот на кариерата во 80-тите години на минатиот век, многумина се плашеа да влезат во борба со него, имено, ретко кој издржа цел меч против него, па го напуштија рингот по добар ќотек .

Мајк Тајсон смета дека денес има и еден боксер што противниците го избегнуваат, а тоа е американско-мексиканскиот борец Давид Бенавидез (29-0, 24 КО).

„Тој е потценет боксер. И јас би се плашел да се борам со него во неговата дивизија. Никој нема шанси против него“, изјави Мајк Тајсон.

Давид Бенавидез е поранешен шампион на ВБЦ во суперсредна категорија, а љубителите на боксот би сакале да го видат во рингот против Канело Алварез, но мегаѕвездата на Мексико не ја интересира тој меч.

Непоразениот Бенавидез продолжи и се пресели во полутешка категорија, каде во јуни со едногласна одлука го победи Украинецот Александар Гвоздик и го освои привремениот појас на ВБЦ.

Канело Алварез на 14 септември ќе се бори со Едгар Берланга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON