Мајк Тајсон: Го убив чудовиштето во себе со отров од крастава жаба!

Легендата Мајк Тајсон страв и трепет и во рингот и во животот. Но, тој се промени и успеа да го убие чудовиштето во себе со отров од жаба. Тајсон е познат по неговиот агресивен стил во рингот и проблемите што ги имал надвор од него. Дури во 1991 година беше затворен за силување. Мајк повеќе не сака да го гледаат како чудовиште и да остави ужасно наследство зад себе. Тој верува дека халуциногеното лекарство, кое се наоѓа во пустината Сонора, му помогнало да се смири.

„Не сакам да бидам чудовиште кога ќе умрам, не сакам да бидам запаметен како таков. Тоа е многу токсично и опасно за моето семејство и за мојата сопруга. Тој не се интересира за нив, но тие ми се се, за што ми е грижа. Знам што е неопхдоно за да го направам тоа и ќе знам дека нема да исчезне преку ноќ. Навистина не жалам многу. Моето насилство, наркоманските навики, моите неразумни сексуални изливи, моите улични битки и сообраќајни несреќи, сето тоа е завршено и сè уште сум тука, па сега си давам збор за подобар живот на моето семејство.

Благодарен сум што битисувам и имам друг живот. Го убив егото и животот целосно ми се промени. Штом пушев од тоа, сè исчезна. Звучи како филмско сценарио, но тоа е вистина и сега се будам, се насмевнувам и се смеам, и се прашувам што се случило? Тоа трае вечно, но ми одзема само 15 минути. Штом разбрав дека сум ништо, сите мои фантастични работи не беа важни.

Кога си мислиш дека знаеш сè и потоа осознаваш дека не знаеш ништо, а тоа е големо будење. Можете да го наречете растење или божествена интервенција. Не сакам да кажам дека тоа е Бог, но тоа беше смртта на моето его, се чувствував толку гол и исплашен, затоа што сè што сум го имал некогаш, беше моето его и тоа ме направи многу посебна и позната личност. Отров од крастава жаба ми помогна и благодарение на неа се променив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО