Мајк Тајсон го поддржа Доналд Трамп за претседател (ВИДЕО)

Tajson -Tramp

Легендарниот боксер, Мајк Тајсон, го поддржа милијардерот Доналд Трамп, кој искажа своите амбиции да се кандидира за претседател на САД. Железниот Мајк ја обраложи поддршката со зборовите дека сака по Барак  Обама да види бизнисмен кој ќе го преземе управувањето со земјата.

„Ајде да пробаме нешто ново. Ајде да ја управуваме Америка како еден бизнис, каде што бојата не е важна. Кој би можел да заврши некоја работа, тој треба да добие во оваа работа“, рече тајсон.

Трамп и Тајсон се познаваат со години. Богаташот дури беше и спонзор и дел од тимот на боксер во најславните години. Трамп допрва треба да добие поддршка од републиканците, кои веќе ја почнаа борбата за утврдување на нивниот кандидат за изборите следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО