Мајк Тајсон работи на хумористична серија која го следи неговиот живот како одгледувач на канабис и претприемач.
Њујорк пост објави дека прудукцијата веќе почнала.
Име на серијата е „Тркалање со тупаниците“ (Rolling With the Punches), а покрај легендарниот боксер глумат и стенд-ап комичарот Расел Питерс во улога на бескорисен пријател на Мајк и телохранител Чак Зито.
Серијата е делумно заснована на реалниот живот на Тајсон.
„Едноставно е. Играм пензиониран боксер кој одгледува марихуана. Во суштина се глумам игра себе, така што луѓето може да видат како би можел да изгледа мојот живот во различни ситуации“, изјави „Железниот Мајк“.
Серијата би требало да биде снимена во стилот на Curb Your Enthusiasm (Без воодушевување молам) Лари Дејвид.
Тајсон е голем поборник за користење на медицинската марихуана. Вели дека 85 отсто од спортистите користат канабис во борбата против болки, воспаленија и тегоби.
Неговата победа над Андреј Голота во 2000 година беше поништена затоа што на допинг тестот беше позитивен на марихуана.
Минатата година, само неколку дена пред Калифорнија да ја легализира продажбата на канабис, боксерот го отвори Тајсон ранчот за одгледување на марихуана, оддалечен 180 километри од Лос Анџелес.