Поранешниот неприкосновен шампион во тешка категорија Мајк Тајсон е со мислење дека британската суперѕвезда Ентони Џошуа (22-0, 21 КО) е најдобар боксер во категоријата во моментов.
Тајсон, кој се пензионираше во 2005 година, е исклучително импресиониран од Џошуа, откако гледал неколку од негови средби – вклучувајќи и неговата победа над Александар Поветкин минатиот месец.
„Мислам дека Џошуа сега е број еден во тешка категорија. Ги има сите потребни квалитети за да остане таму“, изјави Тајсон.
Пред извесно време „Железниот Мајк“ го сметаше Тајсон Фјури за најдобар боксер во тешка категорија, но сега е на мислење дека скоро по тригодишноот отсуство од професионалната сцена целосно ја промени неговата ситуација во категоријата.
„Тајсон Фјури не боксирал доста долго време. Мислам дека се уште нема доволно средби, за да се обиде да се врати на врвот. Треба да добие уште неколку дуели“, изјави Тајсон.
Мајк Тајсон стана најмладиот светски шампион во тешка категорија во 1986 година, кога имаше само 20-години и беше апсолутен шампион до изненадувачкиот пораз од Бастер Даглас во 1990 година во Токио.