Вајлдер и Фјури се караат само пред камерите (ФОТО)

Очекуваната пресметка меѓу Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 KO) и Тајсон Фјури (27-0, 19 KO) ќе се одржи на 1 декември во салата „Стејплс центар“ во Лос Анџелес. Двајцата се познати како најголеми брбливци, не само во тешка категорија, но и во целиот спорт, поради што не беше изненадување што на официјалната прес-конференција направија 30-минутно шоу за љубителите на громогласните фрази и закани.

На социјалните мрежи се шири сликата пред да излезат пред камерите. Тие седат еден до друг во кабина и видливо е дека разговараат за нешто пред да „гракнат“ нешто за  новинарите кои се жедни за шоуто.

Коментарите под сликата се дека си покажуваат непочитување само пред камерите, во суштина се во пријателски однос и во никој случај не ги минимизираат нивните достигнувања во нивните кариери.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО