Мајк Тајсон еднаш призна кој бил најсилниот боксер со кој се борел: По борбата ме болеше со часови…

Боксерската легенда Мајк Тајсон во текот на кариерата го делеше рингот со многу големи боксери, но еден беше посилен од другите.

Во текот на славната кариера Ајрон Мајк речиси секогаш се бореше против поголеми боксери, во секоја борба влегуваше со решителност, немилосрден притисок и честопати еден удар му беше доволен да ги нокаутира противниците.

Физички најголемиот противник со кој се бореше Тајсон беше Кевин Мекбрајд (198 см и 123 кг). Тоа беше последната професионална борба на Мајк (јуни 2005 година) во која загуби со прекин по шестата рунда.

Многумина тешкаши истакнуваат дека Ленокс Луис и Ивандер Холифилд се меѓу најсилните противници со кои се бореле, но не и за Мајк Тајсон.

Имено, пред десет години во интервју за магазинот Ринг, поранешниот светски шампион во тешка категорија (50-6, 44 KO, 2 НЦ) признава дека најсилниот боксер со кој се борел бил Кубанецот Хозе Рибалта.

„Тој, Хозе Рибалта беше многу силен во клинчот и секогаш стоеше покрај мене“, изјави Мајк Тајсон, додавајќи дека Рибалта ја има најсилната брада од сите негови противници:

„Го удирав секаде, а тој стоички го прифати и издржа сето тоа. И тој постојано се враќаше за повеќе“.

Мечот меѓу Тајсон и Рибалта се одржа во август 1986 година, а Мајк победи со прекин во последната, десетата рунда.

На тој меч Ајрон Мајк зададе 220 удари и три пати го собори, а на средината од десетата рунда судијата ја прекина пресметката.

Неколку месеци подоцна Тајсон го победи Тревор Бербик со прекин во втората рунда и стана најмладиот светски шампион во тешка категорија на сите времиња со 20 години и 145 дена.

„Рибалта беше борец кој за разлика од Грин и Тилис добро ме намачи. Требаше добро да се ангажирам за да го победам. Почувствував мачнина од тешките удари во телото од Рибалта. Имав болки со часови по борбата… Никогаш не сум почувствувал толкава болка“, признал Мајк Тајсон во својата автобиографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО