Мајк Тајсон е горд на Френсис Нгану: Како да го управував со „џојстик“, навистина сум благодарен!

Френсис Нгану ги освои срцата на боксерскиот свет по одличниот настап против Тајсон Фјури, а имун не остана ниту неговиот тренер Мајк Тајсон. „Железниот Мајк“ го пофали „Предаторот“ што целосно го ислуша на мечот со „Џипси Кинг“ и се држеше до договорениот план.

Легендарниот боксер Тајсон му помогна на Нгану да ги помине сите 10 рунди со Фјури во нивниот боксерски меч минатата сабота во Саудиска Арабија. Нгану го собори шампионот на ВБЦ во тешка категорија во текот на третата рунда, но на крајот ја загуби борбата со поделена одлука. Тајсон го тренирал Нгану за borba за која многумина мислеa дека е бесмислена, а тој ре;e дека е многу горд на него за се што направил и како го направил тоа.

„Бев навистина горд на него затоа што слушаше сè што му кажав, како да ракувам со „џојстик“ со левото кроше, тој заврши – а јас бев во право. Да бидам вклучен во неговата слава и неговата победа. Сигурен сум дека ќе го гледаме г. Френсис во рингот уште долго време“, рече Тајсон во една епизода од шоуто „Хотбокс со Мајк Тајсон“.

Нгану бара реванш со Фјури, но се очекува „Кралот на Ромите“ да се соочи со Украинецот Александар Усик – борба која веќе беше потпишана и најавена пред да се одржи борбата со Нгану, но беше презакажана бидејќи првичниот план беше да се борат на 23 декември. Нивната борба за обединување на титулата во тешка категорија, наводно, ќе се одржи во февруари следната година, а точниот датум треба да го знаеме наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО