Легендарниот Мајк Тајсон прифатил да биде гостин во Белград, како дел од обидот на организаторите на што подобар начин да го промовираат Светското првенство во бокс.
Србија е домаќин на овој настан од 24 октомври до 4 ноември, а контроверзниот Тајсон ќе пристигне кај нашиот северен сосед како специјален гостин и тоа на завршните денови на турнирот.
Според медиумите, Тајсон очекувано имал посебни барања од организаторот, а тоа меѓу другото вклучува и цел спрат од хотелот каде ќе биде сместен.
„Железниот Мајк“ побарал менито да биде базирано на јадења направени од месо од бизон, како и голем избор на цедени овошни сокови.
Медиумите велат дека во Белград ќе биде присутен и Рој Џонс, а организаторите се обидувале да го убедат на ваков потег и актерот Силвестер Сталоне.