Мајк Тајсон: Џошуа не беше впечатлив, Вајлдер се подобрува

Поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон не е импресиониран од последното претставување на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО шампионот Ентони Џошуа (21-0, 20 KO).

Минатиот месец Џошуа со судиска одлука по 12 рунди го победи Џозеф Паркер и ги обедини 4-те титули пред околу 80.000 публика.

Џошуа несомнено ја доби битката, но неговиот настап не беше особено импресивен и покажал многу негови слаби точки.

Пред средбата Тајсон веруваше дека Џошуа ќе успее да ги обедини сите титули во категоријата, но сега не е толку сигурен.

„Џошуа изгледаше дека ќе стане непобитен шампион, но во последната битка не ме импресионира“.

Легендата, сепак, е задоволна од она што го покажува шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО).

Исто минатиот месец, Вајлдер успеа да се справи во доста проблематична средба со дотогаш непобениот Кубанец Луис Ортиз. Во 7-мата рунда Вајлдер наиде на тешкотии, но успеа два пати да го собори противникот во десетата рунда.

„Вајлдер се подобрува, станува подобар“.

Џошуа – Вајлдер најверојатно ќе биде најголемиот боксерски меч.

Тие се надеваат дека ќе се сретнат во текот на летото, ако нивните тимови постигнат договор.

Иако Тајсон не е сигурен кој ќе победи, тој е убеден во крајниот резултат.

„Ќе има нокаут, а еден од нив ќе биде нокутиран“.

На прашањето дали некој од двајцата би можел да го совлада Тајосн во најдобрите години, тој се насмеа и одговари двосмислено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО