Мајк Тајсон: Боксерскиот естаблишмент треба да се срами поради подареното реми на Вајлдер

Мајк Тајсон е една од боксерските легендите што мисли дека Тајсон Фјури го победи Дионтеј Вајлдер.

Британцот, кој го добил името по „Железниот Мајк“, според мислењето на судиите по 12 рунди не успеа да го победи Вајлдер, а Американецот со ремито го задржа појасот на ВБЦ.

Флојд Мејведер и Леннокс Луис се исто така меѓу оние кои мислат дека Бес би требало да стане новиот светски шампион.

„Боксерскиот естаблишмент треба да се срами поради подареното реми на Вајлдер, она што се случи вечерва беше премногу очигледно. Фјури се врати од најмрачното место, доби 10 од 12 рунди и му ја украдоа победата. Се согласувам со мојот брат Ленокс Луис. Главата горе Фјури“, напиша „Железниот Мајк“ на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON