Мајк Тајсон: Беспарицата те тера да продожиш да се бориш

Мајк Тајсон е еден од оние боксери кои брзо го достигнуваат финансискиот врв, но уште побрзо се наоѓаат на дното.

Големата боксерска легенда прогласи банкрот во 2003 година. Во тоа време имал долг од 23 милиони долари. Мајк имал над 100 автомобили во својот живот. Некои беа исклучително вредни и ретки. Поседуваше „бентли“ кој беше еден од само 73 произведени и чинеше 500.000 долари.

Во текот на кариерата Тајсон заработил 500 милиони долари. Му требаа 15 години да банкротира. До денес, богатството на Тајсон се проценува на околу 10 милиони долари. Тој тврди дека желбата за вежбање исчезнува со текот на времето, но желбата за трошење пари останува.

„Со текот на времето, вашата желба да тренирате избледува, но желбата да ги потрошите милионите што ги заработувате не. И, ако лошо управувате со вашите пари, мора да продолжите да се борите.

Во борби најчесто влегуваат луѓе кои немаат што друго да прават во животот. Ако немаш што друго да правиш, или одиш на бокс или стануваш криминалец. Едно или друго“, вели Тајсон за Мен’с хелт.

Еве на што Тајсон ги трошеше парите откако излезе од затвор во 90-тите:

4,5 милиони долари во автомобили и мотоцикли (19 возила што ги купил за пријатели)

400.000 долари за гулаби и разни големи мачки како сибирски тигри

300.000 долари само за одржување на тревникот и градината

240.000 долари месечно за секојдневие

230.000 долари за мобилни телефони, пејџери и телефонски сметки

125.000 долари годишно за тренер на животни да се грижи за големите мачки

100.000 долари месечно за накит и облека

Мајк купил куќи во Лас Вегас, Охајо и Мериленд. Неговата палата во Охајо вклучуваше позлатен мебел, базени и игралиште за кошарка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО