Легендарниот Мајк Тајсон влегува во рингот за прв пат по 15 години викендов. 54-годишниот ветеран ќе боксира со Рој Џонс во Калифорнија. Нивната битка е планирана во 8 рунди, во кои нема да има судии. Спортската комисија ги предупреди дека борбата ќе биде прекината доколку некој добие повреда.
Железниот Мајк веќе објави дека хонорарот ќе го донира на разни добротворни организации и тоа го мотивира максимално. Возбуден е затоа што за прв пат ќе направи нешто за другите, не само за себе.
Мајк е во неверојатна форма за неговата возраст и многумина го обвинуваат за допир со забранети лекови. На социјалните медиуми, Тајсон покажа својата форма повторно и не може да дочека да влезе во рингот. Погледнете го обликот на големиот шампион и што напиша под фотографиите:
„Јас сум врвно фокусиран. Останува уште една недела до битката. Смирено пред невремето“.
https://www.instagram.com/p/CH06OvTBTUd/?utm_source=ig_embed