Дана Вајт ќе се сретне со Хабиб – да го премисли или да му ја одземе титулата

Дана Вајт планира да се сретне со Хабиб Нурмагомедов за да разговара за неговата иднина во организацијата.

На крајот на минатиот месец, Хабиб ја одбрани титулата со победа над Џастин Гејџи и најави повлекување од ММА. Претседателот на УФЦ одлучи да го него Нурмагомедов од шампионската титула, затоа што верува дека ќе се врати да го поправи скорот од 29-0.

Во последните денови, сепак, Хабиб не престанува да зборува дека завршил ММА и никогаш повеќе нема да се бори затоа што нема што да постигне. Непоразениот шампион планира да се посвети на образованието и животните, а Вајт сака дефинитивен одговор, за да го ослобди од титулата. Вајт им откри на медиумите по УФЦ 255 дека наскоро ќе има средба со Хабиб, на кој сè ќе стане јасно.

„Му давам малку време на Хабиб Нурмагомедов да размисли за работите. Ќе се сретнеме многу брзо за да разговараме“, најави Вајт.

Се чини дека УФЦ ќе му ја одземе титулата на Хабиб и ќе го тргне од ранг-листата, како што се случува со секој што ќе се повлече од ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО