Мајк Пери со прекин по втората рунда го победи Еди Алварез

Фантастичниот настан БКФЦ 56 кој се одржа во Солт Лејк Сити понуди одлични борби и уште поатрактивни завршници.

Во главниот меч на настанот, двајца големи борци, Мајк Пери и Еди Алварез понудија вистинска акција во која ниту еден од нив не штедеше сили.

Нема сомнеж дека големиот ударен огномет ја воодушеви многубројната публика во салата Маверик центар и тие можеа да бидат презадоволни без разлика што борбата траеше само четири минути.

Имено, на паузата меѓу втората и третата рунда Алварез им кажал на тренерите дека не гледа со левото око.

По консултација беше одлучено дека Еди нема да ја продолжи борбата, беше јасно дека се работи за сериозно оштетување на неговото лице.

Мајк Пери го заработи појасот „Крал на насилството“ на BKFC со својата победа, негова четврта во таа организација, а потоа ги повика Конор Мек Грегор и Дарен Тил.

Во борбата за титулата Кристин Фереа со едногласна одлука ја победи Бека Ролингс, додека Каи Стјуарт на ист начин го победи Хауард Дејвис.

Резултати од настанот БКФЦ 56:

Мајк Пери – Еди Алварез – ТКО (прекин од аголот), Р2 (2:00 часот)
Кристин Фереа – Бек Ролингс – едногласна одлука (50-45, 50-45, 50-45)
Каи Стјуарт – Хауард Дејвис – едногласна одлука (49-46, 49-46, 48-47)
Мик Терил – Арнолд Адамс – КО, Р4 (0:47)
Џереми Стивенс – Џими Ривера – ТКО (прекин од лекар), Р3 (2:00 часот)
Бен Моа – Бриџер Берсие – ТКО (прекин од лекар), Р3 (0:51)
Ерик Лозано – Мајк Џонс – ТКО, Р3 (0:55)

Воведни борби:
Естебан Родригез – Киган Вандермер – КО, Р1 (1:06)
Тревор Бредшо – Трој Денисон – КО, Р1 (1:55)
Дени Хилтон – ЛЈ Шулц – ТКО (прекин од лекар), Р1 (2:00 часот)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BKFC by Triller (@bareknucklefc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON