Дионтеј Вајлдер ќе го нокаутира Ентони Џошуа во првата рунда

Повеќекратниот светски шампион и сега коментатор, Карл Фроч од Велика Британија предвиде потенцијална мега борба во тешка категорија меѓу Британецот Ентони Џошуа (26-3, 23 КО) и Американецот Дионтеј Вајлдер (43-2-1, 42 КО).

Потсетуваме дека Вајлдер и Џошуа ќе учествуваат на настанот кој ќе се одржи на 23 декември во Саудиска Арабија. Противник на Американецот ќе биде Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, а Британецот ќе го дели рингот со Швеѓанецот Ото Валин.

Фроч верува дека Џошуа ќе биде нокутиран уште во првата рунда ако оди против Вајлдер.

„Динтеј Вајлдер ќе го нокаутира во првата рунда, тоа секогаш сум го велел. Вајлдер ќе се нафрли на него во првата рунда, бидејќи Еј Џеј е несигурен и се плаши од сопствената сенка.

Вајлдер фрла моќна бомба и таа ќе му падне на брадата. Еј Џеј ќе падне и нема да може да стане. Тој дури и нема да сака да го прави тоа“, рече Фроч во интервју за Јутјуб каналот на Гамблинг зоне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО