Мајк Пери пак е претепан и со скршен нос (ВИДЕО)

Борецот на УФЦ во полусредна категорија Мајк Пери повторно се претстави многу лошо издание. 29-годишниот Американец се сретна со Даниел Родригез на УФЦ Вегас 23, што се одржува во Лас Вегас.

Нивната битка беше првата од главната карта на вечерта. Родригез настапи многу силно и не му даде шанси на Пери. Тој успеа да доминира над него и го здроби со фрлања и ножни удари.

Пери буквално ги сопирашео ударите на Даниел со лицето. Мајк успеа да забечежи неколку соборувања, но не направи ништо со нив. Изгледаше беспомошно и немаше идеја како да се спротивстави на молскавичните удари на неговиот противник.

Пери повторно беше облеан во крв, а носот речиси сигурно повторно му беше скршен. Нивната стигна до одлука на судиите која беше едногласна во корист на Родригез – (30-27, 30-27, 30-26). Тоа беше втор пораз во низа за Пери, кој победи само во една од последните четири борби во УФЦ.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО