Мајк Пери го исцеди „Веном“ Пејџ и го предизвика Џејк Пол на бокс со голи раце (ВИДЕО)

Ѕвездите на ММА Мајкл Пејџ и Мајк Пери се спротивставија во бокс со голи раце на БКФЦ 27. „МВП“ излезе како фаворит, но по одлука и една дополнителна рунда, победата му припадна на Пери.

Пери заработи и скршена вилица за да ја добие победата.

По втор пат во историјата на БКФЦ беше дадена дополнителна рунда.

Пејџ и Пери разменија неколку удари, контри и клинчови. Пејџ му нанесе голема штета на устата по неколку тешки аперкати. И двајцата дадоа се од себе и беа исцрпени на крајот.

По одлуката во корист на Пери, ММА борецот го предизвика Џејк Пол на боксерски меч со голи раце:

„Ќе ми ја дадеа борбата во петтата рунда, но јас сакав уште крв, човече.

Не знаев порано, но сега знам – тоа е мојот спорт. Го сакам затоа што многу силни мажи се плашат од тоа, а јас сакам да сум тврдото копиле.

Џејк Пол, дали ти треба противник? Ти треба добро платена борба – јас сум тоа. Ако сакаш, ќе ти ставам перници на рацете ако се плашиш“.

Резултати:
Главна карта
Мајк Пери – Мајкл Пејџ со мнозинска одлука по 6 рунди
Конор Тирни – Џо Елмор со одлука (49-43, 50-46, 50-45)
Џејмс Лили – Тајлер Гудџон со одлука (49-46, 50-44, 48-47)
Мик Терил – Сем Шјумејкер со КО Р1, 1:59
Џејк Боствик – Крис Фишголд со ТКО Р2, 1:58
Дени Кристи – Тери Брезиер со ТКО Р3, 1:22
Давид Золташек – Адам Харис со КО Р1, 1:59
Дејвид Раунд – Еш Грифитс со КО Р2, 0:40
Џон Хик – Елис Шеферд со одлука (48-47×2, 50-45)
Прелиминарни
Роб Канингем – Брет Меј со ТКО Р2, 5:00
Франко Тенаља – Час Симондс со КО Р2, 1:58
Ден Вини – Конан Барбару со КО Р2, 0:35

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON