Маја Бобан доби интернационални сертификати од ФИАС

Светската организација за самбо (ФИАС) на секој начин се труди да го развива самбото во светот. Во април и август месец организираа веб-инари каде имаше учесници од Европа, САД, Руските земји, додека од Балканските земји учесници беа Македонија и Грција. Македонија ја претставуваше репрезентативка и тренер Маја Бобан и доби интернационални сертификати од ФИАС.

„Самите семинари беа за усовршување на вежби кои се работат за подобрување на техниките на самите самбо спортисти. Се работеа и разгледуваа вежби за флексибилноста на мускулен тип, вежби за подобрување на стабилноста, како и мобилност на самиот спортист. Дополнително беа разгледувани и работени вежби за зголемување на брзината и експлозивноста, како и вежби за зголемување на сила (на последниот семинар) кои може да им помогнат многу на спортистите“, вели Маја Бобан.

Со овие семинари Самбо федерацијата оди кон поголем развој на самбо спортот.

„Се работи на програма за жените во самбо, каде ќе има можност секоја жена да научи техники на самбо –  САМООДБРАНА БЕЗ ОРУЖЈЕ, а воедно да се работи и на сите мускули, каде ќе се зголемува издржливоста и силата, што ќе резултира со подобра физичка и ментална спремност на жената“, објасни Бобан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО