Мај тај борец го ноакутира противникот со торнадо удар (ВИДЕО)

Мај тај борецот Стив Вокер го нокаутира Брајан Колет на импресивен начин. Тие беа дел од гала вечерта Лајон фајт 64 во Канзас, САД, во петокот вечерта.

Вокер започна сериозно да ја користи предноста кога реши да покаже самодоверба и го извади движењето од малиот џеб како во холивудски филм.

Публиката во салата скокна на нозе со видот на ударот.

Вокер се вртеше во својата оска во стилот на торнадо и исфрли бомбастичен висок ножен удар кон главата на противникот.

Колет веднаш падна на подот, а судијата јасно стави до знаење дека ова е последната акција на мечот.

Настанот беше пренесубан на УФЦ Фајт пас и илјадници луѓе ширум светот уживаа во атрактивната изведба на Вокер.

Несомнено е кандидат за Нокаут на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON