Џамал Бен Садик останува уште еден месец во притвор

Кик бокс ѕвездата Џамал Бен Садик ќе биде во притвор најмалку уште еден месец, објавија властите во Мехелен.

Борецот во тешка категорија беше приведен пред неколку дена како дел од повеќе од 200-члена група за организиран криминал. Во петокот, судот мораше да одлучи дали ќе ги ослободи Бен Садик и некои од другите уапсени во домашен притвор, но одлуката беше да ги задржи зад решетки најмалку уште еден месец. Адвокатот на кикбоксерот рече дека тој веднаш ќе се жали на одлуката, но следното рочиште ќе биде за две недели.

Џамал Бен Садик е една од најголемите sвезди на Глори по шампионите Рико Верховен и Бадр Хари, а на почетокот на годината требаше да се бори за титулата. Неговиот меч против Верховен пропадна поради повреда на грбот, а наместо со него, шампионот учествуваше на турнир на четормината, кој го освои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО