Маирбек Таисумов продолжи со победите и во текот на изминатиот викенд успеа да го порази Дезмонд Грин. Таисумов една година беше надвор од кафезот, бидејќи има проблеми со визата и мора да почека за настани во САД.
Маирбек има скор 7-1 во УФЦ, но не е ни во топ 15 во лесна категорија. По неговата победа тој рече дека никој не го почитува рангирањето на УФЦ и секој сака да се бори со некој од врвните борци.
Сепак, Таисумов, во интервју рече дека ако не добие виза, тој ќе се повлече од ММА.
„Сакам да станам шампион и затоа сум тука во УФЦ и се уште се борам. Јас сум тука затоа што ја сакам оваа титула.
Не сакам да се борам на друго место, а ако не добијам виза, ќе се повлечам од ММА. Сакам најдобро да се борам и да станам шампион.
Сакам да се борам со Кевин Ли, бидејќи тој го прави истото како и Конор Мек Грегор и зборува многу за луѓето во Русија. Јас сум Русин, Чеченец и сакам да се борам, а не да зборувам“.
https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/1041150858644344832?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwgr%5E373939313b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext%252Fhtml%26key%3Dfd92ebbc52fc43fb98f69e50e7893c13%26schema%3Dtwitter%26url%3Dhttps%253A%2F%2Ftwitter.com%2Fbigmarcel24%2Fstatus%2F1041152871105003520%26image%3Dhttps%253A%2F%2Fpbs.twimg.com%2Fprofile_images%2F906555004093452293%2F3xAx4FB__400x400.jpg
.