Поранешниот боксерски шампион Поли Малигнаџи со нетрпение ја чека борбата со голи раце против заколнатиот непријател – Артем Лобов на БКФЦ/BKFC 6 на 22 јуни во Флорида.
Непријателството помеѓу нив е долго и се очекува борбата да биде крвава.
За време на прес-конференцијата Малигнаџи му удри шлаканица на Лобов, по што беа раздвојувани од обезбедувањето.
Во друг случај, Малигнаџи, при размена на остри реплики со Русинот, го плукна.
Поранешниот боксер не жали за неговите постапки, бидејќи расправијата со Лобов и неговиот пријател Конор Мек Грегор е многу лична.
Во 2017 година Мек Грегор го користеше Малигнаџи како спаринг партнер за време на подготовките за боксерскиот меч со Флојд Мејведер.
Малигнаџи тврдеше дека од тимот на Ирец ги направиле видео записите од тренинзите да изгледаат така што УФЦ борец доминира на спарингот.
„Не ми е жал за ништо, затоа што одамна ја преминаа границата“, рече Малигнаџи.
„Не бидува плукањето да го вадите од контекст“. Границата беше помината пред две години. Се случи тоа, тогаш нема ограничувања.
И не само што не жалам, но, ако и мајка му ако беше на таа прес-конференција, ќе ја исплукав. Нема причина да жалам за ништо. Срам ми е што не можев да направам нешто повеќе. Откако ќе ја преминете границата со мене – до тука си“.