Арсланбек Махмудов се врати во рингот со убедлива победа, по минатогодишниот тежок пораз од Агит Кабајел.
Рускиот тешкаш со нокаут во втората рунда на настанот во Шавиниган, Канада, го победи српскиот борец Миљан Ровчанин.
Махмудов со своите силни удари два пати го собори српскиот тешкаш, кој и двата пати можеше да испадне од рингот.
По силните удари на рускиот лав, Ровчанин само јажињата го задржаа во арената.
Борбата заврши откако тој по втор пат заврши на подот. Тоа беше 19-та победа за Махмудов во кариерата и 18-та со нокаут.
Arslanbek Makhmudov back in the win column after getting a second round KO 🥊#MbilliHeffron
— COMBAT SPORTS TODAY (@CSTodayNews) May 26, 2024
View this post on Instagram