Ислам Махачев (20-1) стигна до осмата победа по ред на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас. Дагестанецот го порази Бразилецот Тијаго Мозес (15-5) со задушување во четвртата рунда.
Ученикот на Хабиб доминираше во текот на целиот меч и убедливо ги доби првите две рунди. Бразилскиот борец имаше свои шанси, а на крајот од третата рунда имаше можност да направи лост на ногата.
Со овој триумф Махачев сигурно ќе добие шанса да се бори со некој борец од врвот во лесна категорија, а по борбата го повика Рафаел дош Анчос.
„Можеш да бегаш, но не можеш да се скриеш“, рече Ислам Махачев.
Неговиот тренер Хабиб Нурмагомедов исто така може да биде задоволен од настапот. Поранешниот шампион на УФЦ сака да го донесе Махачев меѓу елитата во лесна категорија и се чини дека е на добар пат.
Во конасловната борба во бантам категорија Миша Тејт по пет години се врати со победа. Миша со технички нокаут ја совлада ветеранката Мерион Рено, за која ова беше проштална борба.
Поранешната шампионка повторно влезе во октагонот откако роди две деца. Миша изгледаше одлично и доминираше во текот на целата борба, која ја заврши со прекин во третата рунда.
Борбата на Џереми Стивен во лесна категорија траеше само 65 секунди против Матеуш Гамрот. Полскиот борец изведе кимура на раката на Џереми во првата рунда. Тоа беше петти пораз по ред на Стивенс.
Гамрот пристигна во УФЦ минатата година по 17 победи по ред на КСВ, а загуби во дебито против Гурам Кутателадѕе.
Но, по триумфот против Скот Холцман, тој го победи Стивенс на атрактивен начин и докажа дека неговото место е меѓу најдобрите борци во светот.
Одлична завршница беше забележана и на средбата во средна категорија на која Родолфо Виеира направи импресивно задушување во стоечка позиција против Дастин Столцфус во третата рунда.
Тоа беше трета победа на бразилскиот борец во четвртиот настап за УФЦ.
Били Кварантило стигна до победата против Габриел Бенитез во третата рунда со технички нокаут по големата доминација на американскиот борец.
Резултати – УФЦ Фајт најт:
Ислам Махачев – Тијаго Мозес – завршница (давење од позади), Р4 (2:38)
Миша Тејт – Мерион Рено – ТКО (удари), Р3 (1:53)
Матеуш Гамрот – Џереми Стивенс – завршница (кимура), Р1 (1:05)
Родолфо Виеира – Дастин Столцфус – завршница (давење од позади), Р3 1:54
Били Кварантило – Габриел Бенитез – ТКО (удари), Р3 (3:40)
Воведни борби:
Даниел Родригез – Престон Парсонс – ТКО (удари), Р1 (3:47)
Аманда Лемос – Монсерат Руиз – ТКО (удари), Р1 (0:35)
Сергеј Морозов – Калид Таха – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Малком Гордон – Франциско Фигередо – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Родриго Насименто – Алан Баудот – ТКО (удари), Р2 (1:29)