Конор Мек Грегор: Јас сум најбогат и најлош од сите

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор им постави на фановите реторичко прашање на социјалните мрежи. Мек Грегор минатиот викенд загуби од Дастин Пориер по втор пат откако ја скрши ногата на крајот од првата рунда.

Конор влезе во серија од два последователни порази и ќе се опоравува цела година. „Озлогласениот“ собра над 20 милиони од овој настан, кој продаде 1,8 милиони ППГ и стана втора најпродавана борба во историјата.

Мек Грегор ја загуби борбата, но повторно ја наполни банкарската сметка. Тој е најбогат во историјата на ММА и на социјалните мрежи го напиша следново:

„Огледалце, огледалце на идот, кој е најбогат и најлош од сите“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО