Махачев: Го сакам Гејџи, а потоа и победник од Оливеира-Царукјан

Ислам Махачев ги објави своите планови за следната 1 година.

Шампионот на УФЦ во лесна категорија планира да се врати во јуни. Ислам сака да ја брани титулата против Американецот Џастин Гејџи. Сака тоа да се случи на 8-ми јуни. Ислам е уверен дека може да се справи со Гејџи, затоа што после него планира да се бори со победникот од мечот меѓу Чарлс Оливеира и Арман Царукјан.

Махачев сака тоа да се случи во ноември во Медисон сквер гарден. Ислам има планови и за 2025 година. Планира да се бори во февруари 2025 година, а нема претензии за противник, бидејќи е подготвен да се бори со секого.

„На 8-ми јуни против Џастин Гејџи. Ноември во Медисон сквер гарден против победникот на Оливеира – Царукјан. Февруари 2025 година против кој било со дозвола на Алах“, напиша Махачев.

Минатата година Ислам имаше две борби против Александар Волкановски. Победи со одлука во февруари, а во октомври го нокаутира Волкановски. Ислам моментално се опоравува од повреда и не може да се бори до летото оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FREAK (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО