Махачев му порача на Чендлер да не го чека Мек Грегор, туку да бара друг противник

Американскиот борец Мајкл Чендлер ја имаше последната борба во УФЦ во ноември 2022 година кога со завршница (давење од позади) во третата рунда загуби од Дастин Пориер.

По последната епизода во октагонот Чендлер ја презеде улогата на тренер во шоуто „Ултимејт борец“ каде противник му беше Конор Мек Грегор.

Последната сезона на ТУФ требаше да заврши со пресметка меѓу тренерите, но борбата се уште не е договорена.

Чендлер одлучи засега да не прифати нова борба, но чека и се надева на меч против Мек Грегор.

Шампионот во лесна категорија Ислам Махачев му порача на Американецот дека треба да продолжи понатаму и да бара друг противник.

„Се надевам дека тој меч ќе се случи, но Чендлер изгледа многу лошо. Колку долго се чека тој меч? Секоја вечер си легнува сонувајќи дека се бори со Конор Мек Грегор. Па, тој веќе не е толку млад“, истакна Ислам Махачев, а потоа продолжи:

„Може да бараш нова прилика и друг противник. После тоа можеш повторно да побараш меч против Конор. И онака ја загуби последната борба. Изгуби уште еден и заработи пари. Ако загуби, а таа вест стигне до Конор, тој може да помисли дека сепак може да те победи. Секако дека е добра борба за навивачите, но ништо не значи за категоријата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО