Шампионот на УФЦ во лесна категорија (до 70 кг) Ислам Махачев му одговори на Бразилецот Чарлс Оливеира кој во неколку наврати навести дека нивниот реванш ќе се одржи под нерамноправни услови, бидејќи ќе се случи во Обединетите Арапски Емирати.
Потсетуваме дека реваншот за титулата меѓу Ислам Махачев и Чарлс Оливеира ќе се одржи на 21 октомври во Абу Даби (ОАЕ) и ќе биде главен на УФЦ 294. Токму во ОАЕ пред 1 година Ислам успеа да го заврши Бразилецот и да ја освои титулата во лесна категорија.
Сега двајцата се враќаат таму каде што цела арена ќе ги поддржува Дагестанцот. Чарлс јасно го сметаше ова за предност и се пожали дека условите не се фер. Ислам реши да му одговори на противникот и потсети дека двајцата се борци на УФЦ кои одлучуваат каде ќе се одвиваат настаните.
„Чарлс, побарав борба летото во САД, но УФЦ имаше други планови. Јас сум борец на УФЦ исто како тебе. Никогаш не сум ставил услови на УФЦ и се борев таму каде што ми нудеа.
Мојата последна борба се одржа во Австралија во дворот на предизвикувачот. Нема смисла ова што го зборувате“, напиша Махачев на социјалните мрежи.
https://www.youtube.com/watch?v=-xAKq2yWM3s