Рускиот шампион на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев објави нова љубопитна објава на една од социјалните мрежи во која даде краток коментар за идната средба меѓу Магомед Анкалаев од Русија (17-1) и Јан Блахович од Полска (29-9).
„Наскоро ќе пристигне уште еден појас“, напиша Махачев.
Борбата меѓу Анакалаев и Блахович ќе се одржи на 11 декември на турнирот во мешани боречки вештини UFC 282 во Лас Вегас (САД).
Победникот од тој меч требаше да се соочи со шампионот Јиржи Прохаска во директен предизвик за титулата, но по тешката повреда без борба го предаде појасот.
Анкалаев во својата последна борба со нокаут во втората рунда го победи американскиот поранешен претендент за титулата Ентони Смит. Блахович, поранешен шампион на организацијата, го победи со ТКО Србинот со австриски пасош Александар Ракиќ.