Махачев до Волкановски: Нема да си го погазам зборот!

Ислам Махачев нема да си погази зборот.

Новиот шампион во лесна категорија е дециден дека сака да се бори со Александар Волкановски. Тие се договорија на крајот на минатиот месец во Абу Даби. Исламот тогаш го победи Чарлс Оливеира и ја освои титулата во дивизијата. Волкановски влезе во кафезот за да се соочи со Махачев.

Исламот го предизвика за февруари 2023 година во Австралија. Александар се согласи на борба шампион против шампион. Ќе се обиде да стане двоен шампион, а Махачев сака да го симне од тронот од првото место на ранкингот „П4П“. Волкановски е најдобриот борец во светот, без разлика на тежината.

На социјалните мрежи Алекс го праша Махачев дали е маж да даде збор, а потоа го повика да потпише.

Веднаш ќе го потпишам договорот откако ќе го добијам. Не грижи се. Уживај во првото место додека можеш“, напиша Махачев како одговор на Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО