Магомед Анкалаев ја продолжи победничката низа со победата над Тијаго Сантос

Магомед Анкалаев стигна до осмата победа во низа во најголемата светска ММА организација и продолжи да се искачува на врвот во полутешка категорија.

Дагестанскиот ММА борец со едногласна одлука на судиите го победи Тијаго Сантос на настанот УФЦ Фајт најт 203 во Лас Вегас.

За Анкалаев тоа беше и 17-та победа во професионалната кариера, а единствениот пораз што го претрпе е во дебито за УФЦ пред четири години од Пол Крег.

Дагестанецот имаше одлична контрола над борбата, а во ниту еден момент не дозволи Сантос да го изненади.

– Имаше моменти кога можев да го соборам противникот, а тренерот ми рече дека морам повеќе да се борам и да се борам. Ја користев секоја прилика кога почувствував дека е време за тоа“, изјави Магомед Анкалаев.

По овој одличен настап, Магомед наскоро би можел да добие шанса да се бори против еден од најдобрите полутешка категорија.

Во коглаваната борбат во бантам категорија со одличен нокаут во првата рунда Јадонг Сонг го победи Марлон Мораеш. Кинескиот борец го прозва Доминик Круз по третиот триумф во низа.

-Многу го почитувам и кога бев помал ги гледав неговите борби. Но, сега сакам да се борам со него“, изјави Јадонг Сонг.

Резултати од УФЦ Фајт најт 203:
Магомед Анкалаев – Тијаго Сантос – едногласна одлука (49-46, 49-46, 48-47)
Сонг Јадонг – Марлон Мораеш – КО, Р1 (2:06)
Содик Јусуф – Алекс Касерес – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Калил Раунтри Јуниор – Карл Роберсон – ТКО, Р2 (0:25)
Дру Добер – Теренс Мекини – ТКО, Р1 (3:17)
Алекс Переира – Бруно Силва – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Воведни борби:
Метју Семелсбергер – А.Ј. Флечер – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Џеј Џеј Олдрич – Џилијан Робертсон – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Џавид Башарат – Тревин Џонс – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Дејмон Џексон – Камуела Кирк – завр. (зад. со рачен триаголник), Р2 (4:42)
Миранда Маверик – Сабина Мазо – завршница (гушење од позади), Р2 (2:15)
Коди Брундејџ – Далча Лунгиамбула – заврш. (гушење со гилотина), Р1 (3:41)
Гвидо Канети – Крис Мутињо – ТКО, Р1 (2:07)
Азамат Мурзаканов – Тафон Нчукви – КО, Р3 (0:44)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО