Лулзим Вренези: Не ги искористивме големите шанси и поволниот жреб на Нуров и Данов

Nurov na EP Riga 2016

Македонските борачи на Европското првенство во Рига,Латвија, не остварија ниту една победа, со една мала разлика од Светското првенство во Лас Вегас-САД, сега освојуваа поени.

Можеби Могамедгаџи Нуров можеше и нешто повеќе, бидејќи имаше водство и на крај изгуби со 8-6, додека Јасин Реџелари се бореше и во репасаж, при што се потврди тезата дека прави поени, но и губи; Дејан Митров цврсто се бореше, а резултатот изостана, додека Бобан Данов тешко се справува во најтешката категорија со титаните од велесилите во овој спорт.

redzelari EP Riga proglasuvanje

Тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези даде првична оценка за настапите на нашите репрезентативци, кои во април ги чека квалификацискиот турнир во Зрењани, Србија, за Олимписките игри во Рио.

Danov na EP vo Riga

За жал, не го искористивме големите шанси и поволниот жреб на Нуров и Данов. Јасин имаше тежок жреб, тешка група. Во првото коло се сретна со светскиот шампион, а во репасажот со европксиот првак до 23 години, додека Дејан беше во одбра форма, но една грешка многу му наштети“,  изјави за IPON.mk, Вренези.

Redzelari na EP vo Riga 2016

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО