Репрезентативецот Лулзим Исмаили (-69 кг) под импресија на првата победа и големината на турнирот ја загуби полуфинланата борба на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“ од Хрватот Петар Цетиниќ.
Исмаили во првите две рунди го имал мечот во своја корист, но во третата наеднаш застанал, па така со поделена одлука на судиите од 2-1 се радуваше Хрватот.
Исмаили го освои бронзениот медал.
Искуството е главниот противник на нашите боксери.
Ipon.mk