Боксерот Љулзим Исмаили се уште не може да се помири со поразот на Државното првенство во бокс во Куманово минатиот викенд кога загуби во финалето со судиска одлука од Гоце Јанески во категротијата до 69 килограми. Неговиот револт е уште поголем по суспензијата од 6 месеци на неговиот тренер Лима Лими од страна на Бокс федерацијата на Македонија поради сцените кои следеа по натпреварот кај записничката маса.
„За жалење сме во оваа држава, ова се случува само на нас Албанците.
Ако не не одбрани нашиот тренер, кој ќе не брани, тогаш ќе станеме жртва на ЧЕТНИЦИТЕ. Ние до крај ќе одиме, ако треба ќе станам како Џевдет Пеци и јас ќе ги напаѓам судиите“, напиша Љулзим Исмаили на својот Фејсбук статус, а го пренесе ТВ Алсат М, и притоа ја додва и сникамата од борбата уште еднаш љубителите на боксот да се уверат кој беше подобар во Куманово.
Да потсетиме дека Џевдат Пеци е поранешен репрезентативец на Југославија кој го има ударено судијата незадоволен од одлуката. Затоа Пеце е исфрлен од репрезентацијата и суспендиран извесно време.
Сепак, ова, на добар боксер како Исмаили, не му треба. Не значи ако си изгубил една борба дека пропаднал светот, а заканите се далку од спортско однесување. Работата треба да ја препушти на матичниот клуб Шкендија но лимит и да ј истера преку институциите на Федерацијата.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=3VcfH4pLHs8
.