Лукас Барун се пресврт го нокаутираше Руслан Чагаев и стана ВБА светски првак (ВИДЕО)

lucas browne pojas

Лукас Браун е новиот ВБА светски шампион во тешка категорија (24-0, 21 КО).

Непоразен Австралиец во 10 рунда го нокутира Руслан Чагаев (34-3-1, 21 КО) во Грозни.

Боксерот од Сиднеј стана првиот светски шампион во тешка категорија од Австралија. „Big Daddy“ ја преживеа катастрофалната 6 рунда во која се здоби со осекотини и речиси беше дотепан од страна на узбекистанскиот левак во неговата втора одбрана на титулата.

Браун успеа да направи пресврт во мечот и да го доврши Чагаев во 10 рунда, откако претходно го сборуваше.

Браун ја поседува „редовната“ титула и во следниот меч треба да се сретне со Фрес Окуендо. Тајсон Фјури е ВБА „супер“, а Луис Ортиз привремен шампион.

https://youtu.be/11JZ7mc8pwU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО