Лука Плантиќ избоксира виза за Олимписките игри во Токио

Хрватскиот боксер Лука Плантиќ (24) победи за пласман на Олимписките игри во Токио. Тој на квалификацискиот олимписки турнир во Париз со едногласна одлука на судиите го победи Ирецот Емет Бренан и влезе меѓу четирите најдобри борци и со тоа обезбеди виза за Јапонија.

Лука се претстави перфектно на квалификацискиот турнир кој започна минатата година во Лондон со триумф над носителот Јамбеков. Сега во Париз, прво го скрши Ерменецот Нерсејан со прекин во првата рунда, а потоа убедливо го совлада Ирецот Бренан.

Плантиќ одлично го отвори мечот, па судијата му броеше на Ирецот во првата минута. Емет се опоравуваше и му се закани на Лука неколку пати, но хрватскиот боксер одлично ја заврши работата тактички во првата рунда.

Втората рунда Брена ја започна поофанзивно, но Плантиќ успешно се одбрани. Лука успеа да го смири противникот и ја сочува предноста. Хрватскиот шампион рутински ја одработи последната рунда и на крајот со едногласна одлука на судиите стигна до победата со која ја завери визата за Олимписките игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON