Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Лук Рокхолд, можеби не ги живее најдобрите денови во неговата професионална кариера, но затоа му оди повеќе од добро во љубовниот живот. Порталот ТМЗ открива дека борецот оди со музичката супер ѕвезда Деми Ловато.
Наводно, парот се запознал пред неколку месеци кога прекрасната музичарка дошла во салата на УФЦ во Лос Анџелес, каде што се практикуваат боречки вештини. Според очевидци, борецот и пејачка се веднаш „намигнале“ и почнале да се допишуваат. Дека односите поминал на повисоко ниво ги открија меѓусебните пораки на социјалните мрежи, што е протолкувано како љубов.