Кубанецот Луис Ортиз се врати во рингот на новогодишната ноќ кога го победи Американецот Чарлс Мартин во шестата рунда на холивудски настан во Флорида.
Тоа беше 33-та победа во кариерата за Кинг Конг и втора по ред по поразот од Дионтеј Вајлдер во ноември 2019 година.
Во меѓувреме, го победи Александре Флорес со нокаут за само 45 секунди.
Следниот меч кубанскиот боксер ќе го има на 4 септември во Крипто арената во Лос Анџелес против Енди Руиз.
„Максимално сум посветен на тренинзите и тоа многу ме мотивира во моментов. Подготвен сум веднаш да влезам во рингот и утре би можел да се борам. Ми рекоа само да тренирам за средбата против Енди. Подготвен сум да му ја затворам устата, како и на неговиот татко“, изјави Луис Ортиз.
Енди Руиз го победи Крис Ареола на 1 мај минатата година. Во изјавите често го задева Кубанецот на кој очигледно не му одговара овој стил на говор.
„Верувам во себе и не одам на рингот поради пари. Сакам да ги исполнам моите соништа, а тоа е титулата светски шампион. А Енди е премногу себичен и тоа не функционира во овој спорт“, истакна Луис Ортиз и подвлече:
„Мора да тренирате добро, да бидете дисциплинирани и силно да удирате, само така може да успеете. Подготвен сум да го победам. Јас сум здрав и полн со енергија. Јас сум постраствен од Руиз и сакам бокс“.
View this post on Instagram