Луис Ортиз ја изгуби позицијата на задолжителен предизвикувач на ВБА федерацијата

Луис Ортиз (27-0-2 НЦ, 23 КО) до недодамна беше во позиција да се бори за две светски титули во тешка категорија.

Беше задолжителен предизвикувач на Светската боксерска асоцијација и Дионтај Вајлдер го одбра да ја брани титулата на ВБЦ на 4 ноември.

Но, 38-годишниот Кубанец пред мечот со Вајлдер по втор пат во кариерата беше позитивен на допинг тестот.

Беше позитивен на два забранети диуретици кои може да се користат како средство за прикривање на користење на допинг.

Ортиз во мечот со Вајлдер го замени задолжителниот предизвикувач на ВБЦ, Бирмејн Стиворн.

Кубанскиот нокаутер беше задолжителен предизвикувач на шампионот на ВБА, Ентони Џошуа, но тоа веќе не е така.

ВБА  исто така учествува во антидопинг програмата на ВАДА и одлучи да го суспендира Кубанецот, да го отстрани од ранг листата и да му ја одземе позиција на задолжителен предизвикувач.

Го чека најмалку шест месеци суспензија.

Ортиз беше позитивен на стероидот нандролон по победата за привремената титула на ВБА против Латеф Кајоде во 2014 година. Титула му беше одземена и беше суспендирана неколку месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО