Луис Ортиз бара уште еден меч со Вајлдер

Луис Ортиз – Кинг Конг се надева дека ќе добие шанса да се реваншира за единствениот пораз во кариерата. Кубанскиот тешкаш беше нокаутиран од Дионтеј Вајлдер. Затоа, неговиот приоритет е реванш меч со Американецот.

„Се надевам дека ќе се вратам во рингот до крајот на летото. Навивачите сакаат да видат уште една борба со Вајлдер, ако тој не се договори со Џошуа. Јас сум еден од најопасните ривали за него. Тој сака да се бори со најдобрите. Ми даде една шанса и победи. Затоа има право да ги диктира условите“, рече Ортиз.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО