Како и што најавивме, така и се случи, во Шелхарбур во австралиската држава Нов Јужен Велс експлодира од воодушевување по прогласувањето на Александар Волкановски за нов светски шампион во УФЦ во перо категорија (-66 кг).
Еуфорија во родното место на Македонецот, чие семејство ја сподели радоста од подвигот на својот син со присутните во хотелот „Шелхарбур синтрал“, кои го следеа мечот на голем екран. Веруваме дека и во битолско има зошто да се радуваат, родното место на татко му.
Вистинска ерупција во салата предизвика прогласувањето на популарниот „Александар Велики“ за победник во борбата со бранителот на титулата Макс Холовеј од САД.