Билети за големиот дуел помеѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, во близина на рингот, може да стигнат до цена од 150.000 долари. Тоа го предвидува боксерскиот промотор и претседател на Сетската пикадо федерација, Еди Хорн.
Според него, ниту еден билет за големиот гала меч, кој навивачите го очекуваат повеќе од пет години, нема да стигне до пошироката јавност преку продажба на каса. Сите 16.800 места во салата на хотелот „МГМ Гранд центар“ во Лас Вегас ќе бидат распродадени на корпоративно ниво и нема да стигнат до касите. Средбата меѓу Пакијао и Мејведер, која ќе биде најскапата во историјата на боксот, ќе се одржи на 2 мај 2015 година, според договорот вреден 250 милиони долари, потпишан од двајцата.
Официјалната цена на билетите, промовирани од организаторите на мечот се од 4.174 до 65.000 долари. Просечната цена на билет е 10.506 долари.