Поранешниот светски шампион во суперсредна категорија, Лучијан Буте, е позитивен на допинг тест.
Тестот е направен по средбата за светската титула против Баду Џек. Средбата беше за појасот на Светскиот боксерски совет.
„Б“ примерокот на Романецот, кој со години живее во Канада, ќе биде разгледан денес. Боксерот ги делегираше своите претставници кои ќе присуствуваат на повторениот тест. Се уште се очекува соопштението од Буте, кој најверојатно ќе биде суспендиран.
https://youtu.be/dv795ElU7B4