Љубиша Пешко: Сашо Поповски и Бетим Вренези организираа игра со умисла!

Pesko i Zubairov

Вчера Управниот одбор на Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) на седницата по Европските игри во Баку го суспендира селекторот на репрезентацијата во грчко-римски стил, Љубиша Пешко, затоа што бил акридитиран како селектор и на македонската и на српската репрезентација, па реагирала Европската комисија на ЕИ. Бидејќи Пешко се одлучил да ја води српската репрезентација од ФБСМ е суспендиран и предаден на Дисциплинската комисија.

На оваа одлука регаираше засеганатиот Пешко, прашувајќи: Што правите, воопшто, вие? До кога ќе се занимавате со интриги и туризам?! За каков добар настап зборувате на Европските игри во Баку!? Мислите дека ќе ви дозволам да ги урнете моите планови!?

Принудно поставена изјава од Сашо Поповски. Претходниот ден, никој, воопшто немаше претензии, против тоа да ги водам и да и секундирам на вардаровите борачи, кои настапуваа и за Македонија и за Србија. Во согласност со директорот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и претседателот на ФБСМ. Не сакајќи скандали, ја потпишав однапред подготвената изјава од секретарот на МОК, вели Пешко за ipon.mk.

Тој истакнува дека сите знаат оти подготовката на борачите до излегувањето на борилиштето ги извел професионално, со голема помош на физиотерапевтот Димитар-Диме.

Потпишувањето (компромис), не надевајќи се на подлите намери на генералниот секретарот Сашо Поповски, во интерес на македонското борење и на борачите на Вардар – не значи дека се откажувам од македонското борење, туку само од натпреварот во Баку! И приклучувањето кон српскиот тим, нагласува Пешко.

Гајдаров, Нуров и Пешко
Гајдаров, Нуров и Пешко

Суспендираниот селектор вели дека заедно со борачите направиле состанок, а бидејќи во македонскиот тим имало уште двајца тернери Николај Корнеев и Лулзим Вренези, борачите предложиле да остане со Заур Ефендиев, кој го освои петото место во Баку.

Целата игра, организирана од Сашко Поповски и Бетим Вренези, беше со умисла. Тие сакаат успехот што ќе го постигнат моите борачи да си го препишат на себе и да се китат со туѓи перја. Тренерите Вренези и Корнеев го информираа раководството дека не се способни за тој предизвик и дека воопшто не ги познаваат борачите, па дури ниту името не им го знаат. Се со намера, доколку се освои медал, да си ги присвојат наградите“, тврди Љубиша Пешко!

Betim vrenezi

Затоа Пешко порачува дека Господ е голем и дека гледа.

„Дајте да видиме кој треба да се суспендиран?! Дали тој што работи, надворешно помага и финансира, придонесува за развој и освојува медалји?! Или, луѓето што нестатутарно работат, проневеруваат наменски средства и плански го растураат ФБСМ?! Не може МОК преку Сашо Поповски никако да ме огради (отргне) од македонското борење, категоричен е Пешко.

Како доказ за неговиот професионализам го наведува последниот турнир во Русија и освојувањето на медал за Македонија од новиот репрезентативец Магомедгаџи Нуров.

Бидејќи немам време да обрнувам внимание на задкулисни игри, ги пратив борачите на 12 дневни висински подготовки во Кисловодск (Русија). Веднаш потоа, заедно со Заур Ефендиев (Србија), Халил Зубаиров, Магомедгаџи Нуров и Тимур Хамикоев (Македонија) ќе учествуваме на многу сериозните турнири Саркасијан во Ереван (Ерменија) и „Поланд опен“ во Варшава -Полска. Се, во интерес за подобра подготовка на репрезентаивците за освојување на олимписката норма на Светското првенство во Лас Вегас, посочува тој.

Пешко порачува да се најде некој паметен, па да работи по нивниот пример, за да и се приклучат и останатите репрезентативци, што би било одлична работа.

Лично, за исполнување на планот и програмата за натпревари од 2013 година до сега имам потрошено 12.500 евра. Не може Федерацијата да се води со долгови, без никаква стратегија и план на опстојување. Само, благодарение на претседателот на МОК, г-дин Васил Тупурковски, некако се одржуваат и ги остваруваат активностите за останатите репрезентативци, констатира Пешко и прозива:Јавно нека кажат сите, од 2013 година до денес, колку средства инвестирале во Тимур Хамикоев, Халил Зубаиров и Кристијан Пешко! Како и со кои средства се подготвувавме и учествувавме на ЕП У23 во Полска! Историскиот бронзен медал – Ве чини 0 денари!

На нашето прашање не сметаше ли дека ќе има проблеми со двојната акредитација Пешко Вели:„ Немаше причина. Зошто да има проблеми? Нема никави нарушувања на некаккви закони или статути. Трагично поведение на членови на ФБСМ и секретарот на МОК. Мислам дека е време да си побараат нови работни места. За да донесуваат некакви одлуки, прво треба да се раководат и дејствуваат според Правилникот и Статут на ФБСМ или МОК! Втора работа е дека за своите одлуки треба да го известат лицето кое што е тема на дискусија, па да донесат докази со образложение дека е нарушено некое пишано правило. Две години никој од ФБСМ ниту еднаш не обрна внимание вардаровите борачи. Кога баравме помош во вид на овозможување на подготовки и учества на првенства – бевме занемарувани. Сега, кога нашата планирана работа вродува со плод, некои си раководни луѓе сакаат да се накитат со нашите заслуги и успеси. Господ е голем и гледа. Се надевам дека е веке време за промени во администрацијата на МОК и раководството на ФБСМ. За доректорот на МОК немаше никакви забелешки, да ги водам и секундирам на борачит , ама болното его и подлоста проработе кај Сашо Поповски и Б. Вренези“!

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО