Лозница – Сесвете пред 4.000 публика решаваат за титулата, се бара карта повеќе

Утре во Лозница се решава првиот шампион на Регионалната бокс лига на сребадата со Сесвете од Загреб.

За домаќините да бидат шампиони треба да го победадат составот на Сесвете, додека Радник од Бјелина ќе ја чека разврската од мечот Лозница – Сесвете, бидејќи со победа на гостите тие ќе бидат прваци.

„Лозница мода да победи за да ја освои Регионалната лига. Нерешено или пораз на Лозница, значи дека Радник ќе биде првак“, вели претседателот на УО на РБЛ, Јурица Рунтиќ.

Првиот човек на Лозница, Александар Рисимиќ, истакнува дека Лозница оди на титулата со најдобриот состав.

„На нас ни е доволна победа која се решава заклучно со средна категорија, а 4.000 луѓе ќе ги „проголтаат“ загрепчани. Интересот за овој меч е ненормален“, нагласува Рисимиќ.

Тој расчистува и дилемата на кој начин ќе се определи првакот, бидејќи во бодви со евентуалната победа би биле исти со Радник, а скорот на победи и порази, засега е на страната на екипата од Бјелина.

„Ние го добивме Радник со 16-0, а изгубивме со 12-4 и сме во предност во меѓусебната пресметка, така што нам ни одговара и минимална победа“, ја објасни дилемата Рисимиќ.

Денеска во Штип се одржува првиот меч од последното коло бо РБЛ меѓу Пинк Пантер и Металац од Ваљево во 19 часот, а екипата на Радник е слободна.

 

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО